• петок, 02 јануари 2026

Скопскиот аеродром со три милиони патници, до крајот на годината се очекуваат 3,2 милиони

Скопскиот аеродром со три милиони патници, до крајот на годината се очекуваат 3,2 милиони

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) -  Милена Таскова од денешниот лет Скопје – Бари е тримилиониот патник на Меѓународниот аеродром Скопје. 

Раководството на аеродромскиот оператор во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт Алекснадар Николоски приреди изненадување за три милионитиот патник, кој доби бесплатни аеродромски услуги од сестринските компани на ТАВ и два бесплатни билета од Виз Ер.

- Го достигнавме три милиониот патник  во една година, патничка која првпат лета за Бари и посакав среќа на неа и нејзиното семејство, изјави  Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Курт најави дека до крајот на годината Скоспкиот аеродром ќе има 3,2 милиони патници, а аеродромот во Охрид  262 000.лв/

фото: МИА 

 

Остани поврзан