• петок, 15 мај 2026

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Водата на скопската територија е безбедна за пиење, информираа утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, според податоци од неделниот извештај за нејзините квалитет и безбедност, добиен од анализи спроведени во Секторот за санитарна контрола.

- Во периодот од 4 до 8 мај, Секторот за санитарна контрола зеде 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење - соопштија од јавното претпријатие. бд/са/

Фото: Фејсбук-страница на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан