• петок, 05 декември 2025

„Скаменети потези: еволуција на формата“, изложба во Битола на уметницата Аница Китаноска

„Скаменети потези: еволуција на формата“, изложба во Битола на уметницата Аница Китаноска

Битола, 17 ноември 2025 (МИА) - Уметницата Аница Китаноска во битолската „Магаза“ приреди самостојна изложба насловена „Скаменети потези: еволуција на формата“, проект со кој ја заокружува трилогијата посветена на односот помеѓу мозаикот и сликарството.

Китаноска, уметник и мозаичар, во „Скаменете потези: еволуција на формата“, ја истражува трансформацијата на уметничкиот гест во трајна форма, каде што традицијата се преобликува во современ израз.

Претставувајќи ја на културната јавност, од НУ Завод и Музеј-Битола истакнаа дека Аница Китаноска е претставник на новата генерација уметници кои ја реафирмираат техниката на мозаикот во рамки на современата уметничка сцена, истовремено почитувајќи ја традицијата и отворајќи ја кон нови, експериментални јазици.

М-р Аница Китаноска е родена во Вевчани, дипломира на Академијата за ликовни уметности во Равена, Италија (2021), а во 2024 година ги завршува и постдипломските студии специјализирајќи современ мозаик — единствена академска програма од овој вид во светот.

Китаноска е активен член на Здружението за визуелни уметности и мозаик (MARTE) во Равена и на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Нејзините дела се изложувани во Македонија, Италија, Холандија, Франција, Полска, Албанија и Србија, при што добива високи и значајни признанија.мт/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан