• петок, 21 февруари 2025

Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев, информираат од нејзиниот кабинет. 

Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова, по тој повод да положи цвеќе на неговиот гроб во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Потоа Сиљановска-Давкова ќе го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, каде ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, што се наоѓа пред ректоратот на универзитетот во Ново Село и ќе присуствува на одбележувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер.

Предвидена е и средба со ректорот на универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски, на која ќе присуствуваат и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, пратеници, декани од ректорската управа и претставници од Универзитетското студентско собрание.

Во рамки на посетата на Штип, претседателката Сиљановска-Давкова ќе го посети и Музејот на дејците на ВМРО од Штип и штипско. сст/дма/

фото: МИА архива

 

 


 

Остани поврзан