Сириските власти запленија пратка со оружје наменета за Хезболах во Либан
- Сириските власти запленија пратка оружје за милитантната група Хезболах во Либан, јави денеска сириска новинска агенција.

Дaмаск, 26 јануари 2025 (МИА) - Сириските власти запленија пратка оружје за милитантната група Хезболах во Либан, јави денеска сириска новинска агенција.
Оружјето наводно било испратено преку шверцерски рути на либанско-сириската граница, во областа на пограничниот град Саргај.
Сликите објавени од агенцијата покажуваат неколку јуришни пушки, РПГ фрлачи и муниција. рп/
Фото: МИА архива