• петок, 05 декември 2025

Синер поуспешен од Оже-Алиасим на Завршниот АТП турнир

Синер поуспешен од Оже-Алиасим на Завршниот АТП турнир

Торино, 11 ноември 2025 (МИА) - Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим во натпревар од групната фаза на Завршниот АТП турнир со 7:5 и 6:1.

Дваесет и четиригодишниот Синер сервираше три аса, направи една двојна грешка и реализираше три од 10 брејк топки. 

Неговиот 25-годишен противник сервираше девет аса, направи две двојни грешки, а немаше ниту една шанса за брејк.

Синер на следниот меч утре ќе се соочи со Германецот Александар Зверев.

​​Оже-Алиасим ќе игра со Американецот Бен Шелтон исто така на 12 ноември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан