Синер втор финалист на Австралија Опен
- Италијанскиот тенисер Јаник Синер, бранителот на титулата во Мелбурн, е вториот финалист на Австралија опен, откако го совлада Американецот Бен Шелтон со 3:0 (7:6, 6:2, 6:2) за 2 часа и 36 минути игра.

Мелбурн, 24 јануари 2025 (МИА) - Италијанскиот тенисер Јаник Синер, бранителот на титулата во Мелбурн, е вториот финалист на Австралија опен, откако го совлада Американецот Бен Шелтон со 3:0 (7:6, 6:2, 6:2) за 2 часа и 36 минути игра.
Синер во финалето, кое е на програма во недела, ќе игра против Германецот Александар Зверев, кој рано утринава стигна до мечот за титулата откако Новак Ѓоковиќ го предаде мечот по губењето на првиот сет.
Италијанецот ќе игра за својот трет, а Германецот за својот прв Гренд слем трофеј во кариерата. дс
Фото: Принтскрин