• петок, 05 декември 2025

Симпозиум во рамки на континуираната стоматолошка едукација на докторите стоматолози во Македонија

Симпозиум во рамки на континуираната стоматолошка едукација на докторите стоматолози во Македонија

Штип, 15 ноември 2025 (МИА) – Факултетот за медицински науки, Одделот за дентална медицина при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во сабота ќе го одржи 14. Симпозиум во рамките на Континуираната стоматолошка едукација за докторите стоматолози во Македонија.

Настанот ќе се одржи на 15 ноември 2025 година, со почеток во 10:00 часот, во Мултимедијалниот центар при Економскиот факултет во Штип.

Годинешниот симпозиум е посветен на темата „Денто–фасијална естетика и функција во современата дентална медицина“, а ќе обедини стручњаци, професори и клиничари кои ќе ги претстават најновите научни сознанија и современи практични пристапи во оваа област. ра/сст/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан