Симоновска: Докторката доби отказ затоа што во моментот кога тимот на бронхоскопија се обидува да го спаси животот на малото дете, директно им попречуваше на докторите
- Ако ова не е пропаганда од СДСМ сите овие 6 месеци зошто вечерва СДСМ ја бранеше др.Веселинка а никој не го спомена ризикот за интервенцијата и загрозеноста на детето што др. Веселинка го направи.

Скопје, 31 јануари 2025
Докторката доби отказ затоа што во моментот кога тимот на бронхоскопија се обидува да го спаси животот на малото дете со голтнато страно тело др. Веселинка директно им попречуваше на докторите да си ја вршат својата работа, со што дополнително го загрозуваше животот на малото дете!
Ако она сакала да биде дел од екипата можеше да дојде кај мене и јас ќе и дозволев. Од кои причини не го направила тоа а создала хаос во кабинетот????
Почитувани,
Морам да ве известам за да добиете точни информации. Се работи за др. Веселинка Јосифова Митровска која 6 месеци пласира лаги за екипата за бронхоскопија а она сама уште пред 6 месеци се откажа од бронхоскопијата иако јас во два наврати, еднаш усно, еднаш писмено и кажав дека може да работи во тимот за бронхоскопија но она одби да работи еднаш пред целиот колектив а вториот пат на писмено ми се обрати дека не може да работи со сегашната екипа и не сака да сноси одговорност за работата.Овој месец на денот кога требаше да се извади страно тело дел од индиски орев кај мало дете она влегла во кабинетот за бронхоскопија, направила немир и тензии кај докторката која требаше да ја изведе интервенцијата, да ја попречи во работата а со тоа да го загрози животот на детето.
Др. Бојана која требаше да ја изврши интервенцијата видно доста вознемирена дојде кај мене во 3 наврати да ме извести за ситуацијата. Јас прво ја испратив нашата правничка Јасмина да и каже на др. Веселинка дека не смее да биде во кабинетот и не смее да прави тензична атмосфера, потоа се повикало и обезбедувањето кое исто ја замолило за да на крај ме повикаат и мене и јас истото и го кажав но она остана во кабинетот и направи тензична атмосфера за работата викајќи и заканувајќи ми се мене и на сите дека никој не може да ја избрка, која можеше да влијае на исходот на интервенцијата.Се донесе детето за интервенција, се извади страното тело и за голема среќа се се заврши добро.
Со оглед на ситуацијата се свика прво комисија за утврдување на фактичката состојба па потоа дисциплинска комисија и во однос на нејзината постапка, незаконска работа и последиците што можеа да се случат со здравјето на детето она доби отказ.Јас како директор мора да се грижам нашите деца да бидат безбедни и да ги штитам од личности и ситуации кои може да го загрозат нивниот живот а и да им овозможам на вработените да не работат под притисок и тензии за осетливи интервенции кои се животно загрозувачки.
Ако ова не е пропаганда од СДСМ сите овие 6 месеци зошто вечерва СДСМ ја бранеше др.Веселинка а никој не го спомена ризикот за интервенцијата и загрозеноста на детето што др. Веселинка го направи.
Зар животот на детето не е важен?, па ние докторите треба да се грижиме за децата а не да им го угрозуваме животот.
Со почит,
ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје
ВД Директор
Др. Каролина Симоновска
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.