• петок, 21 февруари 2025

Силен земјотрес регистриран на Тајван

Силен земјотрес регистриран на Тајван

Тајпеј, 21 јануари 2025 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во јужниот дел на Тајван, при што полесно се повредени 27 луѓе и оштетени се повеќе објекти.

Помеѓу повредените се и шест лица, меѓу кои едно бебе, кои беа спасени од под урнатините на една куќа во округот Нанкси.

Епицентарот на земјотресот бил во градот Дапу, округ Чијаји, на длабочина од 9,7 километри.

По силниот земјотрес уследиле повеќе секундарни потреси. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан