СЗО воведува мерки за штедење поради повлекувањето на САД
- „Како што знаете, Соединетите Американски Држави објавија повлекување од СЗО. Жалиме за оваа одлука и се надеваме дека новата администрација ќе го преиспита својот став“, напиша генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, во пораката до вработените, пренесува „Политико“.

Женева, 24 јануари 2025 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) донесе одлука за „замрзнување“ на вработувањата и значително намалување на трошоците за патувања како одговор на повлекувањето на Соединетите Американски Држави од организацијата, кои се нејзиниот најголем финансиски донатор, се наведува во интерна порака испратена до персоналот.
„Како што знаете, Соединетите Американски Држави објавија повлекување од СЗО. Жалиме за оваа одлука и се надеваме дека новата администрација ќе го преиспита својот став“, напиша генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, во пораката до вработените, пренесува „Политико“.
Тој истакна дека одлуката на САД дополнително ја влошила финансиската состојба на организацијата и предизвикала значителна загриженост и несигурност меѓу вработените. ссм/
фото: архива