Сенегал прв полуфиналист на Африканскиот Куп на нации
- Фудбалерите на Сенегал се првите полуфиналисти на Африкански куп на нации, откако вечерва во мароканскиот град Тангер го совладаа Мали со 1-0.
Тангер, 9 јануари 2026 (МИА) – Фудбалерите на Сенегал се првите полуфиналисти на Африкански куп на нации, откако вечерва во мароканскиот град Тангер го совладаа Мали со 1-0.
Голот за пласман во полуфиналето го постигна Илиман Ндијаје во 27. минута.
Репрезентацијата на Мали во второто полувреме беше со играч помалку на теренот, поради исклучувањето на Ив Бисума.
Во полуфиналето, Сенегал ќе игра против победникот од дуелот меѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска. ег
ФОТО: ЕПА