• среда, 07 јануари 2026

Селекторот на репрезентацијата на Тунис, Трабелси, е отпуштен по елиминацијата од Африканскиот куп на нации

Селекторот на репрезентацијата на Тунис, Трабелси, е отпуштен по елиминацијата од Африканскиот куп на нации

Тунис, 5 јануари 2026 (МИА) - Селекторот на репрезентацијата на Тунис, Сами Трабелси, е отпуштен по поразот на тимот од Мали во осминафиналето на Африканскиот куп на нации, објави Фудбалската федерација на Тунис.

Одлуката е донесена со заедничка согласност. 57-годишниот Тунижанец Трабелси ја напушти репрезентацијата заедно со други членови на тренерскиот штаб.

По групната фаза на Африканскиот куп на нации, Тунис заврши втор во групата Ц со четири бода по три натпревари. Во осминафиналето, загубија од Мали со 1-1 (2-3 на пенали).

Трабелси беше со репрезентацијата од февруари 2025 година. Во 18 натпревари под негово водство, репрезентацијата победи на 10 натпревари, одигра четири нерешено и загуби на четири. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан