• петок, 05 декември 2025

Седум лица загинаа при напад со дрон врз детска болница во Судан

Седум лица загинаа при напад со дрон врз детска болница во Судан

Дарфур, 4 ноември 2025 (МИА) - Седум лица загинаа при напад со дрон врз детска болница во Судан, во близина на границата со Чад, соопштија здравствени работници, пренесе ДПА.

Според податоците од здружението на суданските лекари, меѓу загинатите има жени и деца, а уште пет лица се повредени. Лекарите за нападот ги обвинуваат паравоените Сили за брза поддршка (СБП).

Засегнатата болница се наоѓа на околу 270 километри од градот Фашер во регионот Дарфур. Откако пред една недела СБП го презедоа градот, нивните борци убиле над 460 пациенти и нивни роднини во една родилна клиника, како и многу други цивили.

Паравоените Сили за брза поддршка војуваат против суданската армија од април 2023 година, откако одбија да бидат интегрирани во нејзините структури. Членовите на групацијата се обвинети за масовни убиства, силувања и етничко чистење. Армијата, исто така, е обвинувана за воени злосторства, вклучително и бомбардирање цивилни цели.

Делови од регионите Дарфур и Курдуфан се погодени од глад, а постои ризик кризата да се прошири и во други области на земјата. ОН ја дефинираат ситуацијата, предизвикана од борбите, како најтешка хуманитарна криза во светот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан