• петок, 21 февруари 2025

Седници на четири собраниски комисии

Седници на четири собраниски комисии

Скопје, 11 февруари 2025 (МИА) - Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за еднакви можности на жените и мажите, за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе одржат две седници, на едната ќе има Јавна расправа на тема „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, а на другата Предлог Акциски план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија 2025 -2027 и Предлогот за основање на работна група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија 2025-2027.

Седница ќе одржи и Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика која ќе расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, точка која е на дневниот ред и на Законодавно-правната комисија. сст/мд/

фото МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан