Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета
- Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонско Море, соопшти утрово јужнокорејската армија
Сеул, 7 ноември 2025 (МИА) – Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонско Море, соопшти утрово јужнокорејската армија.
И Владата на Јапонија потврди дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета, која паднал надвор од економската зона.
Премиерката на Јапонија, Санае Такаичи изјави дека нема информации за причинета материјална штета. ми/
фото: МИА архива