• петок, 05 декември 2025

Се чистат одрони на патот Делчево - М.Каменица

Се чистат одрони на патот Делчево - М.Каменица

Делчево, 26 ноември 2025 (МИА) – Екипи на „Македонија пат“ утрово работат на расчистување на одрон на магистралниот пат А3, на делницата Делчево – Македонска Каменица, кај селото Очипала, каде одронет материјал се има спуштено на дел од коловозот.

Сообраќајот не е во прекин, а возилата се пропуштаат по кратко задржување додека трае расчистувањето.

Според информации од надлежните служби, одрони има и на други места долж магистралата, поради што препораката е возачите да се движат со посебно внимание и прилагодена брзина.

Работите на терен се во тек. вс/бк/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан