Се работи на канализирање на коритото на Масалница да се спречат штети од можни поплави
- Поради високиот водостој, реката Масалница во атарот на кочанската населба Оризари повторно е надојдена. Екипи со севкупната расположлива механизација, интензивно работат на терен со цел соодветно да се канализира речното корито и да се спречат можни штети предизвикани од поплави, информираат од Општината.
Кочани, 10 јануари 2026 (МИА) - Поради високиот водостој, реката Масалница во атарот на кочанската населба Оризари повторно е надојдена. Екипи со севкупната расположлива механизација, интензивно работат на терен со цел соодветно да се канализира речното корито и да се спречат можни штети предизвикани од поплави, информираат од Општината.
Активностите се насочени кон стабилизирање на текот на реката и заштита на околното земјоделско земјиште и на инфраструктурата на потегот од Грдовци кон Оризари. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и се подготвени за дополнителни интервенции доколку има потреба.
- Со ангажирање на целокупната механизација и координација на службите, преземаме сè што е во наша надлежност за да спречиме поголеми последици од надојдената Оризарска Река, изјави Владко Грозданов, градоначалник на Општина Кочани,
Општина Кочани апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат препораките на надлежните институции. ис/сст/
фото: Општина Кочани