СДСМ: Мицкоски побегна од Резолуцијата
- Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, се посочува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 16 декември 2025
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, се посочува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ.
Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари.
Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски.
Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи!
Правдата ќе победи!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: МИА архива