СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите
- СООПШТЕНИЕ - Со изјавата на Изет Меџити, партнерот на Мицкоски, дека планира две до три илјади вработувања на партиски кадри во администрацијата, се потврдува тезата на СДСМ дека се случува масовна партизација од страна на ВЛЕН во сите институции.

21 февруари 2025
Со изјавата на Изет Меџити, партнерот на Мицкоски, дека планира две до три илјади вработувања на партиски кадри во администрацијата, се потврдува тезата на СДСМ дека се случува масовна партизација од страна на ВЛЕН во сите институции. Ова е со амин и во договор со Мицкоски. Пред изборите ветија мерит-систем, професионализација и праведна држава, а сега веќе е нова песна. СДСМ предупредуваше дека ова се случува а сега доаѓа како директна и бесрамна потврда од Меџити.
ВЛЕН ја третира државата како приватен бизнис, кој треба да го наполнат со партиски војници. Мицкоски седи и немо гледа што се случува. Но јасно е дека ова не е случајна изјава. Се поставуваат прашања – дали веќе постои подготвен план за масовна партизација на институциите пред изборите? Дали јавната администрација повторно ќе се претвори во партиски штаб наместо во сервис за граѓаните?
СДСМ бара итно стопирање на сите партиски вработувања и преиспитување дали постои организиран план за масовна партизација од страна на Меџити. Македонија не смее повторно да стане заробена држава. Наместо партиска армија, на државата ѝ требаат реформи, економски развој и вистинска шанса за младите.
СДСМ: Мора да има одговороност за хаосот, ПЕТ скенерот не работи-онколошите пациенти се во агонија
Со месеци сме сведоци на незапаметен хаос во македонското јавно здравство – хаос што не е само бројка, не е само статистика.
Тоа се човечки судбини, животи доведени во опасност поради неспособноста на Арбен Таравари и Владата на ДПМНЕ!
Најтешко е за оние кои немаат време да чекаат – онколошките пациенти. Луѓето кои се борат за својот живот сега се принудени да водат уште една битка, битка со системот што треба да ги заштити.
Нема лекови, нема соодветни услови, чекањата се бесконечни, нема доволно лекари. Голготата на онколошките пациенти не запира, а институциите молчат!
Прво немаше биолошка терапија на Клиниката за онкологија, а сега, цели еден месец, не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер!
Ова не е само неспособност – ова е директен напад врз здравјето и животот на стотици пациенти низ целата земја.
Власта бездушно ги остава без неопходната медицинска услуга, додека министерот Таравари и Владата на ДПМНЕ покажуваат целосна неспособност да го управуваат здравствениот систем.
Но, цената за нивниот неуспех ја плаќаат граѓаните – луѓето кои сега се препуштени сами на себе!
Ова мора да запре! СДСМ бара итна одговорност – од директорката Невена Маневска, од министерот за здравство Арбен Таравари, од сите кои дозволија оваа катастрофа да се случи!
Министерството за здравство веднаш мора да ја стави во функција неопходната дијагностичка апаратура! Ова не е политика, ова е живот! Граѓаните не смеат да бидат жртви на неспособноста и негрижата на оваа власт!
Линк до видео: https://youtu.be/cMppjqTkAq8
Душанка Георигиева Трпевски, членка на Извршниот одбор на СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.