• петок, 20 февруари 2026

СДСМ: Како 5 тони дрога ја поминале границата и кој дозволил, одговорност мора да има

СДСМ: Како 5 тони дрога ја поминале границата и кој дозволил, одговорност мора да има

Скопје, 16 февруари 2026 

Наместо одговори, гледаме дефокус, лицитирање со бројки за запленета наводно нелегално произведена марихуана во Македонија и обиди за заташкување  на скандалот, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. 

Премиерот Мицкоски лицитира со 25, 40, па и 100 тони запленета марихуана, наводно нелегално произведена. 

Ако навистина станува збор за нелегално производство од такви размери, тоа отвора уште посериозно прашање за одговорноста која мора да се прошири на повеќе институции токму во власта. 

Како се произвела марихуана на површина од речиси 40 фудбалски стадиони, наводно нелегално, а институциите не знаеле, не провериле, не контролирале? 

Одговорност мора да има и за МВР и за Здравство и за Земјоделие и за инспекторати, за сите што требало да контролираат, а не контролирале. За тие што требало да спречат, а не спречиле.

Наместо дефокус и бегање од одговорноост власта да одговори:

Како 5 тони дрога ја поминале границата и кој дозволил во државата да никнат 40 фудбалски стадиони марихуана?

СДСМ нема да дозволи овој скандал да се заташка. Одговорност мора да има – за сите.

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан