СДСМ: До 30 % повисоки сметки за струја, власта повторно удри по стандардот на граѓаните
- СООПШТЕНИЕ - Власта на Мицкоски и на ДПМНЕ ги укина субвенциите на цената на струјата за домаќинствата со што изврши уште еден удар врз џебот и стандардот на народот. Голем број граѓани се жалат за огромните сметки за стуја коишто им се пристигнати за месец јануари и кои се значително поголеми од минатите месеци.

6 февруари 2025
Власта на Мицкоски и на ДПМНЕ ги укина субвенциите на цената на струјата за домаќинствата со што изврши уште еден удар врз џебот и стандардот на народот.
Голем број граѓани се жалат за огромните сметки за стуја коишто им се пристигнати за месец јануари и кои се значително поголеми од минатите месеци.
Сумите некаде се толку високи што луѓето бараат начин како да ги подмират. Други, пак, бараат коригирање на сметките.
Граѓаните реагираат дека јануарските сметки за струја им се покачени за 20% а некаде дури и за 30%.
Граѓани од Прилеп, Велес, Куманово, ни доставија сметките до нас платиле неверојатни 8.000 денари за струја во месец јануари или 2.000 денари повеќе од минатиот месец.
Тоа се точно 30% повеќе пари, поголеми сметки. На енормно високите цени на струја се жалат и компаниите.
Ова е директна последица на одлуката на Владата на Мицкоски за укинатите субвенциите за струја.
Власта удира по стандардот на народот, скапотија е на сите страни.
Во време на ковид и енергетска криза кога СДСМ беше власт, граѓаните, училишта, претпријатијата болниците, сите добија евтина струја и во ниту еден момент немаше рестрикци.
Дополнително ја вративме и евтината тарифа на струјата.
Сега ДПМНЕ укина буквално се и не само што покажа неспособност туку и тотална негрижа за граѓаните.
Неспособноста ја плаќа народот, од свој џеб.
Граѓаните не можат да врзат крај со крај, покачени сметки за храна, покачени сметки за струја, покачени сметки за парно.
Бараме власта веднаш да воведе субвенции за домаќинствата и да им се намалат сметките за струја на граѓаните.
СДСМ стои на располагање и има решенија за намалување на цените, едно од нив е интервенција во висината на ДДВ за парно и струја.
Прашање е само дали неспособната власт ќе ги прифати.
Одговор на новинарско прашање
СДСМ бара средба на сите собраниски партии за реформите во правосудството
Оваа тема, реформите во правосудството, бара надпартиски консензус од сите чинители и парламентарни партии затоа што и самите граѓани тоа го бараат. Факт е дека е потребна темелна реформа во целиот правосуден систем. Оттука Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара заедничка средба на сите политички партии во Собранието. На таа средба да се изгради надпартиски консензус затоа што постои сериозна опасност доколку еднострано се настапи и ризил од повторна партизација на правосудните органи. Собранието, законодавниот дом е место кадешто се гради општ консензус и оттука повикуваме на заедничка средба на сите политички партии во Собранието.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=7l7WbtIPAdc
Прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски, организациски секретар
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки