• петок, 20 февруари 2026

СДСМ ги осудува заканите и навредите кон новинарот на „Канал 5“ и кон граѓаните

СДСМ ги осудува заканите и навредите кон новинарот на „Канал 5“ и кон граѓаните

5 февруари 2026

СДСМ најостро ги осудува заканите и личните навреди кон новинарот Александар Видиновски, кон граѓаните и кон директорот на телевизијата „Канал 5“ од бугарски државјани, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Говорот на омраза, заканите и навредите се недозволиви, претставуваат атака врз целата новинарска професија, слободата на говорот и слободата на информирање, кои се европски вредности.

Ги повикуваме институциите да реагираат и да ги преземат сите мерки за санкционирање.

 

 

Остани поврзан