• петок, 05 декември 2025

СДСМ: Обвинителството да постапи за скандалот од 9 милиони евра

СДСМ: Обвинителството да постапи за скандалот од 9 милиони евра

Скопје, 3 декември 2025 

Од овде, пред Јавното обвинителство бараме да постапи за големиот корупциски скандал со тендери од речиси 9 милиони евра, доделени на фирма со само двајца вработени, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), што МИА го пренесува во целост.

Јавно и детално, пред граѓаните, со факти и докази веќе ја презентиравме целата корупциска шема.

Сите докази се јавно достапни, објавени, проверливи и повеќе од доволни за старт на истрага.

Поднесовме и пријава до Државната комисија за спречување на коруцпија.

Јавното обвинителство не смее да молчи туку да делува. Крадењето на народот преку корупциски шеми за пумпање на парите мора да запре и да следува одговорност.

Станува збор за 9 милиони евра пари на граѓаните кои треба да завршат кај граѓаните а не по џебовите на врхушхата на власт и во Белата палата.

Почитувани, власта на големо спроведува грабеж преку шема за испумпување на народните пари.

Ова се истите шеми на Никола Груевски и Сашо Мијалков, со кои се испумпаа 2 милијарди евра пари на граѓаните. 

Мицкоски само го продолжува тоа што го научил од неговите учители.

Исти ликови исти шеми. Иста банда!

СДСМ ја започна борбата против корупцијата и криминалот на власта и продолжуваме. Нема да застанеме. 

Работата се уште не е завршена.

Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ

Остани поврзан