• понеделник, 08 декември 2025

Свечена академија по повод празникот „Св. Климент Охридски“ под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Свечена академија по повод празникот „Св. Климент Охридски“ под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Скопје, 7 декември 2025 (МИА) - Во пресрет на утрешниот празник Св. Климент Охридски вечерва во Музејот на македонската борба за самостојност, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се одржи свечена академија.

На свечената академија најавено е обраќање на претседателката во 18:30 часот. 

Во рамки на чествувањето на празникот утре со почеток во 11:30 часот, делегации од Кабинетот на Претседателот, Собранието, Владата, Генералштабот на Армијата, МПЦ-ОА, како и претставници на институциите, дипломатскиот кор и на политичките партии ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски во дворот на НУБ „Св. Климент Охридски“.

Празникот Св. Климент Охридски е прогласен за државен празник во земјава. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан