Самостојна изложба на Никола Смилков во Њујорк
- Универзитетскиот професор и ликовен уметник Никола Смилков на 28 ноември во 17 часот ќе ја отвори својата самостојна изложба во престижната галерија Виктор (Victor Gallery) во Њујорк.
Штип, 26 ноември 2025 (МИА) – Познатиот македонски скулптор Никола Смилков ќе има своја самостојна изложба во Њујорк, Соединетите Американски држави.
Универзитетскиот професор и ликовен уметник Никола Смилков на 28 ноември во 17 часот ќе ја отвори својата самостојна изложба во престижната галерија Виктор (Victor Gallery) во Њујорк.
-Изложбата е реализирана по покана на директорот на галеријата, Виктор Машихи, кој искажа големо интересирање за моите дела. На изложбата ќе бидат претставени 12 скулптури изработени во мермер и бронза, селекција од двата циклуси на авторот - „Емоции“ и „Емотивни патувања“, вели Смилков.

Тој веќе е во Њујорк и додава дека галеријата Виктор е позната по својата колекција на антиквитети и декоративна уметност од осумнаесеттиот до средината на дваесеттиот век, а паралелно промовира и дела на современи ликовни автори. вдј/мд/
Фото: МИА