Самит ЕУ-Канада: Брисел и Отава ќе продолжат со поддршка на мултилатералниот систем заснован на правила
- Важноста на заедничката соработка за промовирање на глобалната економска безбедност и стабилност и обновата на напорите за унапредување и диверзификација на трговијата, беа главна тема на денешната средба на претседателот Европскиот совет, Антонио Кошта и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со канадскиот премиер Џастин Трудо во Брисел.

Брисел, 12 февруари 2025 (МИА) - Важноста на заедничката соработка за промовирање на глобалната економска безбедност и стабилност и обновата на напорите за унапредување и диверзификација на трговијата, беа главна тема на денешната средба на претседателот Европскиот совет, Антонио Кошта и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со канадскиот премиер Џастин Трудо во Брисел.
- Канада и ЕУ, заедно, ќе продолжат да го поддржуваат инклузивен мултилатерален систем заснован на правила, утврден во принципите на Повелбата на Обединетите нации и ќе го поддржуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите, како основни начела на меѓународното право, се наведува во соопштението од средбата.
Лидерите ги истакнале силните трговски и инвестициски односи меѓу Канада и ЕУ и важноста на меѓусебната соработка за решавање на тековните предизвици во денешниот комплексен, конкурентен и непредвидлив свет.
- Во пресрет на тригодишнината од целосната инвазија на Русија врз Украина, лидерите ја потврдија својата непоколеблива поддршка за Украина, додека таа продолжува да се спротивставува на руската неоправдана агресивна војна, се додава во соопштението.
На средбата станало збор и за случувањата на Блискиот Исток, особено во Газа и Сирија, при што е поздравен минатомесечниот договор за прекин на огнот и за ослободување на заложниците меѓу Израел и Хамас и е упатен апел за негово целосно спроведување. Соговорниците ја истакнале нивната посветеност на мировното решение според моделот за две држави, како важноста за „инклузивна структура на политичко управување во Сирија“.
- Лидерите разговараа за глобалната трговија, вклучувајќи ги и очекуваните царини од страна на САД. Тие, исто така, разговараа за други заеднички приоритети и се согласија да останат во близок контакт, се наведува во соопштението, при што се додава дека Кошта и Фон дер Лајен му изразиле благодарност на Трудо за неговиот личен придонес и лидерство во зајакнувањето на односите меѓу Канада и ЕУ и во одржувањето на заедничките вредности и на меѓународниот поредок заснован на правила. сп/
Фото: ЕБС