Салах исклучен од составот на Ливерпул за натпреварот против Интер
- Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, е исклучен од составот за натпреварот на Ливерпул против Интер во шестото коло од Лигата на шампионите.
Ливерпул, 8 декември 2025 (МИА) - Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, е исклучен од составот за натпреварот на Ливерпул против Интер во шестото коло од Лигата на шампионите.
Триесет и тригодишниот Египќанец не е стартер во три последователни натпревари за „Црвените“, а два од нив ги помина на клупата.
По ремито 3:3 со Лидс во 15. коло од англиската Премиер лига на 6 декември, Салах го критикуваше Ливерпул и неговиот тренер за нивниот однос кон него.
Натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Интер ќе се одржи утре (9 декември), на стадионот „Сан Сиро“ во Милано. зс/
Фото: ЕПА