• петок, 05 декември 2025

Сабаленка: Оваа година беше тешка, но неверојатно плодна за мене

Сабаленка: Оваа година беше тешка, но неверојатно плодна за мене

Ријад, 10 ноември 2025 (МИА) - Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ги сподели своите впечатоци за сезоната 2025.

- Оваа година беше тешка, но неверојатно плодна за мене. Гренд слем титула, првото место во светот втора година по ред и уште неколку трофеи за додавање во мојата колекција... Не можев да го направам тоа без Тим Тајгер - луѓето кои секогаш се покрај мене. Научив толку многу лекции оваа година, благодарение на подеми и падови на секој турнир и тренинзите помеѓу нив. Вечно сум благодарна за сè.“ Сезона 2026, ајде! - напиша 27-годишната тенисерка на социјалните мрежи.

Сабаленка во саботата загуби од Елена Рибакина од Казахстан во финалето на Завршниот турнир на ВТА со резултат 3:6 и 6:7 (0:7). 

Во сезоната 2025, Сабаленка го освои УС Опен, како и турнирите во Бризбејн, Мајами и Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан