Рјабков: Русија сè уште нема јасна претстава за состанокот за Украина во Берлин
- -Немаме поим што се случи таму, изјави Рјабков за Еј-Би-Си, додавајќи дека, иако Москва не ги разбира деталите од постигнатите договори, Русија сака да го заврши конфликтот во Украина и ги поздравува напорите на американската администрација во таа насока.
Москва, 16 декември 2025 (МИА) - Русија сè уште нема јасна претстава за тоа што е договорено на состанокот во Берлин меѓу Украина, САД и Европската Унија, изјави заменик шефот на руската дипломатија, Сергеј Рјабков.
-Немаме поим што се случи таму, изјави Рјабков за Еј-Би-Си, додавајќи дека, иако Москва не ги разбира деталите од постигнатите договори, Русија сака да го заврши конфликтот во Украина и ги поздравува напорите на американската администрација во таа насока.
Лидерите на десет европски земји и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера учествуваа на состанокот во Берлин, што имаше за цел да ги поддржи разговорите меѓу САД и Украина, објавија руските медиуми.сд/мс/
фото:МИА архива