Рјабков: Администрацијата на Трамп „барем покажува интерес“ за продолжување на дијалогот со Русија
- Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека со испораката на оружје за Украина, САД станале страна во конфликтот меѓу Украина и Русија.

Москва, 10 февруари 2025 (МИА) - Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека со испораката на оружје за Украина, САД станале страна во конфликтот меѓу Украина и Русија.
Тој посочи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп „барем покажува интерес“ за продолжување на дијалогот со Русија, нагласувајќи дека и Русија е подготвена за дијалог, но само „на рамноправна основа“.
„Како што рече претседателот Путин, ништо не може да не спречи да водиме дијалог, ние сме подготвени за тоа. Но, тоа ќе зависи од тоа дали ќе има реални промени во американската политика кон Русија“, рече Рјабков. паг/
Фото: МИА архива