• среда, 07 јануари 2026

РФМ и Триглав Осигурување започнуваат партнерска соработка

РФМ и Триглав Осигурување започнуваат партнерска соработка

Скопје, 5 јануари 2026 (МИА) - Ракометната Федерација на Македонија потпиша договор за партнерство со Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

- Оваа соработка претставува значаен чекор во насока на унапредување и поддршка на ракометот во Македонија, со посебен фокус на стабилноста, сигурноста и долгорочниот развој на спортот и спортистите.
Ракометна Федерација на Македонија преку ова партнерство добива силна и доверлива поддршка од компанија која ја препознава важноста на вложувањето во спортот, младите генерации и националните вредности.
Триглав Осигурување Живот АД Скопје, како дел од реномирана осигурителна група, со своето искуство и визија придонесува кон создавање посигурна иднина – како во животот, така и во спортот, стои во објавата на РФМ.

Во федерацијата се уверени дека ова партнерство ќе донесе позитивни резултати и успешни заеднички приказни во периодот што следува. зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан