Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
- Портпаролот на рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“ изјави дека Русија е подготвен да произведува борбени авиони од петта генерација Су-57 во Индија за потребите на индиските воздухопловни сили

Москва, 11 февруари 2025 (МИА) – Портпаролот на рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“ изјави дека Русија е подготвен да произведува борбени авиони од петта генерација Су-57 во Индија за потребите на индиските воздухопловни сили.
Тој додаде дека производството на авионите би можело да почне уште годинава, ако Владата на Индија го прифати предлогот.
- Изработката на авионите во Индија, со целосен трансфер на технологија, ќе гарантира дека производството и одржувањето нема да бидат засегнати од западните санкции против Русија, посочи портпаролот на „Рособоронекспорт“.
Министерството за одбрана на Индија сè уште не ја коментираше руската понуда. ми/
фото: Википедија