Румениге до играчите на Баерн: Престанете да се жалите!
- Поранешниот извршен директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге смета дека играчите треба да престанат да се жалат поради воведувањето на Светското клупско првенство со 32 тима, бидејќи тоа им помага да се исплатат нивните плати.

Минхен, 12 февруари 2025 (МИА) - Поранешниот извршен директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге смета дека играчите треба да престанат да се жалат поради воведувањето на Светското клупско првенство со 32 тима, бидејќи тоа им помага да се исплатат нивните плати.
-Нашите играчи треба да престанат да се жалат! Сите преговори за договор на кои сум бил сведок одат само во една насока: повисоко, подалеку, побрзо! Но, сите овие пари треба да дојдат од некаде, изјави Германецот за неделниот весник „Спорт Билд“.
Сепак, Румениге се согласи дека новиот турнир кој ќе се игра во САД еден месец до 13 јули по завршувањето на сезоната во Европа е дополнителен настан.
Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд кои ќе учествуваат на Светското клупско првенство ќе имаат многу подолга сезона од останатите, за кои паузата почнува во јуни. Сепак, Румениге го поздрави новиот формат, бидејќи верува дека стариот е премногу предвидлив.
-Како победник во Лигата на шампионите во Европа, одите таму и знаете дека ќе се вратите со уште еден трофеј во торбата, рече тој.
Румениге изјави и дека е изненаден од реформата на ФИФА, која одлучи да вклучи повеќе тимови од сите федерации.
-За мене, фактот што ФИФА одлучи да го вклучи новото Светско клупско првенство е како глобално чудо. За прв пат турнир за репрезентации е напуштен во корист на натпреварување за клупски тимови, додаде Германецот. дс
Фото: Архива