Рудигер ќе отсуствува околу три недели за Реал Мадрид
- Дефанзивецот Антонио Рудигер ќе пропушти дел од сезоната за шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид поради истегнување на тетивата, пренесоа шпанските медиуми. Повредата ја заработи при поразот од Еспањол во саботата

Мадрид, 2 февруари 2025 (МИА) - Дефанзивецот Антонио Рудигер ќе пропушти дел од сезоната за шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид поради истегнување на тетивата, пренесоа шпанските медиуми. Повредата ја заработи при поразот од Еспањол во саботата.
Повредата е на десната нога и германскиот интернационалец најверојатно ќе биде надвор од терените во следните три недели.
Рудигер нема да игра на претстојното дерби со Атлетико Мадрид и на првиот меч од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Дефанзивецот најверојатно ќе отсуствува и во реваншот, но тоа не е единствениот проблем за тренерот Карло Анчелоти. Аут е и Едер Милитао, а Давид Алаба само што се враќа од лекувањето на повредите.
Анчелоти веќе беше принуден да го користи играчот од средниот ред, Аурелиен Чуман како дефанзивец. дс
Фото: Архива