• вторник, 06 јануари 2026

Росениор нов тренер на Челзи

Росениор нов тренер на Челзи

Лондон, 6 јануари 2026 (МИА) - Лиам Росениор е назначен за главен тренер на Челзи, објави прес-службата на англискиот клуб.

Договорот на 41-годишникот е со важност до 2032 година.

- Лиам ја докажа својата способност да гради тимови со јасен модел на игра и да поставува највисоки стандарди за играчите и на теренот и надвор од него. Иако акцентот ќе остане на развојот на играчите, очекувањата и амбициите на клубот остануваат на највисоко ниво. Лиам е способен брзо да го отклучи потенцијалот на овој тим и ни се придружува со мандатот и поддршката потребни за да се обезбеди Челзи да продолжи да се натпреварува на врвот на сите натпреварувања оваа сезона и во идните сезони, се вели во соопштението на прес-службата на Челзи.

Росениор во Челзи доаѓа од Стразбур каде работеше од летото 2024 година. Во сезоната 2025/26, францускиот тим заврши како прв во групната фаза од Конференциската лига под негово водство и е седми во Лига 1. Претходно тој го водеше и Хал Сити.

На 1 јануари, Челзи го отпушти Енцо Мареска од функцијата главен тренер. „Сините“ с ена 5. место на табелата со 31 бод по 20 натпревари во англиската Премиер лига 2025/26. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан