• петок, 21 февруари 2025

Роналдо бара од навивачите на Реал да му дадат поддршка на Мбапе

Роналдо бара од навивачите на Реал да му дадат поддршка на Мбапе

Мадрид, 3 февруари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ал Наср и Португалија, Кристијано Роналдо побара од навивачите на Реал Мадрид да изразат поддршка за Килијан Мбапе.

Роналдо кој најдобриот период од кариерата го помина во Реал, смета дека Мбапе располага со извонредни квалитети и може да донесе многу успеси за „Кралевите“.

- Ги повикувам навивачите на Реал Мадрид со внимание да се однесуваат кон Мбапе. Тој е одличен играч и Реал Мадрид мора да му даде поддршка и да го заштити. Сигурен сум дека ќе им донесе многу радост. Навистина мислам дека Мбапе е одличен играч, тоа не го кажувам затоа што во младоста ми се восхитуваше, а јас бев негов идол, изјави Роналдо за „Madrid Universal“.

Договорот на 26-годишниот Мбапе со шпанскиот клуб е до крајот на сезоната 2028/29. Оваа сезона напаѓачот постигна 22 гола и направи четири асистенции на 44 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан