• петок, 05 декември 2025

Романо: Паладино ќе ја преземе Аталанта

Романо: Паладино ќе ја преземе Аталанта

Рим, 11 ноември 2025 (МИА) - Поранешниот тренер на Фиорентина, Рафаеле Паладино, ќе ја преземе Аталанта, објави Фабрицио Романо.

Четириесет и едногодишниот Италијанец ќе потпише договор до 2027 година.

На 10 ноември, раководството на клубот од Бергамо го отпушти Иван Јуриќ, кој беше со тимот од 6 јуни.

Аталанта е 13. на табелата во Италијанското фудбалско првенство со 13 бода. Тимот е без победа во Серија А осум последователни натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан