• петок, 21 февруари 2025

Роберта Мецола во Израел и палестинските територии: Фокус на хуманитарната состојба

Роберта Мецола во Израел и палестинските територии: Фокус на хуманитарната состојба

Ерусалим, 13 февруари 2025 (МИА) - Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола ја посети границата меѓу Израел и Појасот Газа, каде што ја следеше хуманитарната ситуација и напорите за помош на цивилите, соопшти прес-службата на Европскиот парламент.

Мецола влезе на палестинска територија преку контролниот пункт „Керем Шалом“, по што се врати во Израел и беше информирана од претставници на мисијата на ЕУ за поддршка на граничниот премин „Рафа“.

Попладнево таа ќе го посети местото на нападот врз фестивалот „Супернова“ кај кибуцот Реим, кој беше цел на напад на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Потоа, во Рамала ќе се сретне со палестинскиот функционер Хусеин ал Шеих, генерален секретар на Извршниот комитет на Организацијата за ослободување на Палестина, како и со Реем ал Хаџара, претседателка на невладината организација „Жените на сонцето“ и номинирана за наградата „Сахаров“ за 2024 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан