• вторник, 17 март 2026

Рекорден број убиени новинари минатата година, наведува Комитетот за заштита на новинарите

Рекорден број убиени новинари минатата година, наведува Комитетот за заштита на новинарите

Њујорк, 25 февруари 2026 (МИА) - Во текот на минатата година во светот биле убиени 129 новинари и медиумски работници - соопшти Комитетот за заштита на новинарите, цитиран од француските медиуми.

„Израелската армија во овој период изврши повеќе целни убиства на новинари од која било друга владина армија досега, при што повеќето од убиените се новинари и палестински медиумски работници во Газа“, се наведува во соопштението на невладината организација со седиште во САД.

Во 2024 година беа убиени 124 новинари, што исто така беше рекорд. Комитетот води статистика веќе 30 години.

Најмногу новинари ги загубија животите во војната во Газа - 86 лица. Четворица беа убиени во војната во Украина, а девет претставници на медиумите во конфликтот во Судан.сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан