• сабота, 22 февруари 2025

Реконструкција и изградба на ново крило на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“- Охрид

Реконструкција и изградба на ново крило на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“- Охрид

Скопје, 13 февруари 2025 (МИА) - Ќе се реконструира и ќе се изгради ново крило на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид. Инвестицијата чини два милиони евра, а одлуката е донесена на вчерашната седница на Владата. 

-Наша цел е зајакнување и подобрување на инфраструктурата и опременост на сите јавни здравствени установи. Овој значаен инфраструктурен зафат е посебно значаен за овој регион и вкупната инвестиција е 2 милиони евра. Продолжуваме да го зајакнуваме и модернизираме јавното здравство, информира министерот за здравство Арбен Таравари. 

Како што информира Министерството за здравство, оваа јавна здравствена установа е посебно важна и од огромно значење за жителите од повеќе општини: Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински интервенции за жителите од цела држава. мд/нд/

Фото: ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ - Охрид

 

Остани поврзан