• понеделник, 09 март 2026

Реал сака да заработува 300 милиони евра годишно од рекламирање на дресови

Реал сака да заработува 300 милиони евра годишно од рекламирање на дресови

Мадрид, 8 март 2026 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид има намера да заработува 300 милиони евра годишно од рекламирање на дресови.

Реал Мадрид е блиску до продолжување на договорот со „Емирати“ до 2031 година, објавува „Ас“.

Мадридскиот клуб соработува со авиокомпанијата од Емиратите од 2013 година. Оттогаш, логото на спонзорот се појави на предната страна од дресовите на фудбалерите.

Дополнително, во тек се преговори за продолжување на договорите со технолошката компанија „HP“ и „Adidas“.

Моменталните вкупни приходи на Реал Мадрид од спонзорства на дресовите се 260 милиони евра. За Манчестер јунајтед оваа бројка е околу 200 милиони, за Барселона – 183 милиони. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан