• петок, 16 јануари 2026

Реал бара тренер за новата сезона

Реал бара тренер за новата сезона

 

Мадрид, 15 јануари 2026 (МИА) – Реал Мадрид бара тренер кој ќе биде подготвен да ја преземе функцијата пред почетокот на следната сезона, јави денеска шпанското радио „Кадена СЕР“.

Оваа недела, раководството на 15-кратниот европски клупски шампион одржа неколку состаноци со потенцијални кандидати за тренерската позиција. Се очекува новиот тренер да почне со работа во клубот на лето, а Алваро Арбелоа ќе остане на чело на Кралскиот клуб барем до крајот на сезоната.

Пред неколку денови беше објавено дека Реал Мадрид и Арбелоа потпишале договор до крајот на сезоната 2026-27.

Доцна синоќа, Реал Мадрид загуби со 2-3 на гостински терен од второлигашот Албасете во осминафиналето од Купот на Шпанија. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан