• сабота, 13 декември 2025

Реакција на Универзитетското студентско собрание на УКИМ за вселувањето во државните студентски домови

Реакција на Универзитетското студентско собрание на УКИМ за вселувањето во државните студентски домови

Скопје, 15 септември 2025

Универзитетското студентско собрание на УКИМ со загриженост реагира на неповолните услови и недоволната организација при процесот на вселување во државните студентски домови, кој започна на 9 септември 2025 година.

Најголеми гужви и проблеми се забележааа во студентските домови „Гоце Делчев“ и „Пелагонија“, каде што дел од студентите беа принудени да чекаат повеќе од 12 часа – од преземање на документи до добивање на соба – на температури над 25 степени.

Студентите заслужуваат достоинствен прием и современи услови уште од првиот ден на нивниот престој во студентските домови.

УСС-УКИМ бара:

- Отворање на повеќе пултови за преземање на документи, за да се намали времето на чекање и да се обезбеди побрз прием.

- Поголем временски интервал меѓу објавувањето на конечните резултати и самиот почеток на вселувањето, за домовите да можат навремено да се подготват.

- Присуство и активен мониторинг од страна на Министерството за образование и наука на самото место, за да се гарантира правилна и фер распределба на собите.

- Дигитализација на процесот на вселување, со што би се намалило времето на чекање и би се вовеле современи стандарди во управувањето со домовите.

Како заклучок, Универзитетското студентско собрание на УКИМ е подготвено да предложи студенти кои би помогнале во целиот процес на вселување, а апелираме институциите да развијат соработка со факултетите, кои можат да понудат стручна поддршка за дигитализација на системот.


Универзитетско студентско собрание на УКИМ

Остани поврзан