• среда, 10 декември 2025

Реакција на Министерството за одбрана на прес-конференција на СДСМ

Реакција на Министерството за одбрана на прес-конференција на СДСМ

9 декември 2025

Повторно незнаење од страна на една политичка партија. Информацијата е неточна затоа што фактите друго говорат, се наведува во денешното соопштение на Министерството за одбрана, што МИА го пренесува интегрално.

Поради зголемената побарувачка на нова и модерна опрема на светско ниво и по барање на производителите од САД, испораката на американска опрема за македонската Армија се одложува за неколку месеци, но истата ќе биде доставена многу наскоро. Заради ова одложување дел од средствата планирани за царина се ослободуваат, но истите остануваат во одбранбениот буџет и ќе бидат искористени за припадниците на Армијата.

Едно е јасно - модернизацијата продолжува без застој.

Министерство за одбрана

Фото: Принтскрин / Веб-страница на Министерство за одбрана

Остани поврзан