• петок, 05 декември 2025

Раст на БДП од 3,8 отсто во третото тримесечје

Раст на БДП од 3,8 отсто во третото тримесечје

Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје годинава бележи раст од 3.8 % во однос на истиот периот лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 21.0 % и Информации и комуникации од 7.4 %.

Во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на бруто-домашниот производ. Во структурата на БДП, учеството на бруто инвестициите се зголемува од 26.1 % во третото тримесечје од 2024 година на 31.1 % во третото тримесечје од 2025 година.

Финалната потрошувачка во третото тримесечје од 2025 година номинално расте за 7.7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 80.2 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година е 3.6 %.са/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан