• недела, 14 декември 2025

Работна средба на Азески со раководството на „Филип Морис“

Работна средба на Азески со раководството на „Филип Морис“

Скопје, 13 декември 2025 (МИА) - Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески оствари работна средба со раководството на „Филип Морис“ во Скопје. На состанокот со директорот Иван Костиќ и Василка Салевска, член на УО на Комората, станало збор за актуелната деловна клима и за условите во кои стопанисуваат компаниите во државата.

-Од „Филип Морис“, како компанија со странски капитал која повеќе години делува во Македонија, истакнаа дека деловната клима во глобални рамки има свои предизвици, но, сепак успеваат да ги реализираат предвидените цели и таргети. Укажаа на одрeдени состојби со кои се соочуваат и тие, но и останатите компании од тутунската дејност кои заедно делуваат во Комората преку Здружението за производители на тутун и преработки од тутун. Како општествено одговорна компанија која придонесува во економскиот развој на државата, акцентираат на отворените прашања во делот на царинската политика, за која како што велат има простор за одрдени корeкции ако се земе во предвид дека дејноста како извозна гранка има значителен позитивен импакт во буџетот на државата по повеќе основи, информира Комората.

Претседателот Азески укажал дека Комората продолжува да делува во интерес на компаниите - за решавање на сите отворени прашања со кои се соочува бизнисот.

Комората најавува дека во следниот период ќе се реализира посета и на „Тутунскиот комбинат“ од Прилеп како фирма која е дел од корпорацијата „Филип Морис“, со цел директен увид во производните капацитети. мч/

фото: Стопанска комора

Остани поврзан