• петок, 21 февруари 2025

Пуштена на користење новата социјална зграда во Велес

Пуштена на користење новата социјална зграда во Велес

Велес, 7 февруари 2025 (МИА) - Во Велес деенска беа отворени на користење 29 станови од 39 до 45 метри квадратни наменети за социјално ранливи семејства во новоизградената социјална зграда со вкупна површина од 1.843  метри квадратни на пет ката и приземје со подрумски простории, изградена  во новиот дел на градот наспрема поранешната индустрија „Киро Ќучук“ веднаш до пругата Велес-Битола.

На свеченоста присуствуваа станарите кои ќе се вселат во зградата, премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски и други претставници од Владата, пратеници, градоначалникот Марко Колев, Нада Трајкова директорката на ЈУМ Центар за социјална работа Велес и други гости.

Марјан Стафановски директор на АД  за  станбен и деловен простор, на сите станари во новата зграда им посака среќни мигови на живеење.

Тој најави дека во понеделник АД за станбен и деловен  ќе го  пушти огласот за продажба на станови во Битола.

-Тоа е едно од ветувањата на Владата за намалување на цената на станбениот квадрат на територијата на Битола, а со таа активност ќе продолжиме и на теритодијата на целата држава, најави Стефановски.

На новинарско прашање за социјалните згради во населбата Тунел во Велес пуштени пред 20 - тина години, дали сите станови  се издадени и продадени во постапката за продавање, директорот Стефановски информира дека во Велес се изградени 144 станови проектирани преку проектот ФП-13/40 финансиранод Советот на Европа и дел од Р.Македонија.

-Поголем дел 70 проценти од становите се продадени, другите се под закуп, информира Стефановски.

Вицепремиерот и министер  за транспорт и врски Александар Николоски потсети дека во октомври лани беше во посета на социјалната зграда кога се уште се градеше и му е драго што што семејствата ќе живеат во подобри услови градејќи подобра иднина во топол дом. Тој тогаш информира дека зградата е во вредност од 54 милиони денари.

-Ќе продолжиме во наредниот период да работиме на слични вакви објекти во останатите делови од државата за да им помогнеме на што повеќе семејства, потенцира Николоски.

Тој најави дека преку изградба на комерцијални згради ќе направат напори во интервенција на цената на квадратот која како што констатира за жал во одредени градови достигнува баснословни суми, а кои ќе мораат да одат надолу. Воедно најави  и други вакви и слични проекти.

Премиерот Христијан Мицкоски искажа задоволство што придонеле да ги видат среќни и задоволни станарите од новата социјална зграда.

-Мислам дека што повеќе вакви згради, и што повеќе среќни лица со тоа е и поголема нашата мисија а  поголемо е и нашето задоволство.Воедно вицепремиерот Николоски најави акција која што ќе се прави во Битола,а со цел намалување на цената на квадрат станбена површина таму.Ценам дека така треба да се продолжи и во периодот што следи.Ние како Влада продолжуваме да работиме,да  испорачуваме тоа што сме им го ветиле на граѓаните, а се приклучувам на желбите за спокоен дом и радости во овие нивни домови и  да има  уште многу вакви објекти и многу вакви  среќни луѓе во Македонија, потенцира Мицкоски.ад/са/

Фото: МИА/Влада

 

Остани поврзан