• петок, 05 декември 2025

Путин го именува генерал Булига за заменик секретар на Советот за безбедност на Русија

Путин го именува генерал Булига за заменик секретар на Советот за безбедност на Русија

Москва, 8 ноември 2025 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин, со указ го именува генерал-полковник Андреј Булига за заменик секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Булига претходно ја извршувал функцијата заменик министер за одбрана, каде што бил одговорен за логистиката на вооружените сили, пренесе Тас.

Пред тоа, тој ја надгледувал логистиката во Западниот воен округ како заменик командант. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан