• петок, 05 декември 2025

Протест во Белград поради Лекс специјалис изгласан во Собранието за зградите на ГШ

Протест во Белград поради Лекс специјалис изгласан во Собранието за зградите на ГШ

Белград, 11 ноември 2025 (МИА) - Во Белград денеска се одржа протест под слоганот „Ние сме жив ѕид“ пред зградите на генералштабот каде студенти од белградски факултети и членови на иницијативата Ансамбл Генералштаб побараа укинување на уривањето на тој комплекс. 

Собраните на протест нагласија дека „нема мирно“ да го гледаат уривањето на тој комплекс и „газењето на Уставот и законот“.Тие додадоа дека ќе го „бранат со своите тела“ тој симбол на Белград, откако lex specialis беше усвоен во српскиот Парламент оваа недела, со што е овозможено негово уривање.

Студентите и собраните граѓани формираа „жив ѕид“ околу комплексот, и нацртаа симболична црвена линија како порака дека нема да дозволат уривање.Според нив, тоа е „прво предупредување“ до властите.

Во 11:52 часот, сите собрани го завршија протестот со 17 минути молчење во спомен на оние кои загинаа при падот на бетонската настрешница во Нови Сад и на оние кои загинаа при бомбардирањето на оваа зграда во Белград во крајот на април 1999 година. зш/

Остани поврзан